Главниот „бомбардер“ во редовите на ракометниот тим на Вардар, Даинис Криштопанс, потпиша договор до крајот на сезоната со германскиот состав Фукс Берлин. Тоа беше потврдено и од страна на неговиот нов клуб.
„Човекот висок 2,15 метри доаѓа од Вардар и ќе игра за нас до крајот на сезоната“ – стои во соопштението на Фуксе Берлин.Литванецот откако ќе го одработи мини-договорот со Бундес-тимот, во наредната сезона ќе го носи дресот на францускиот состав, ПСЖ.
Сега останува дилемата дали корпулентниот десен бек ќе се појави во „црвено-црниот“ дрес на саботниот меч со Мотор во рамките на групнаат фаза во Лигата на шампионите.