Артурас Карнишовас, е именуван за извршен потпретседател на кошаркарскиот состав Чикаго Булс. Тој го наследи Џон Паксон, кој беше дел од клубот од 2003 година.
Поранешниот литвански репрезентативец досега ја имаше функцијата генерален директор во екипата на Денвер кој настапува во Западната конференција. Карнишовас никогаш не играл во НБА. Тој има два олимписки бронзени медала со Литванија како и сребро од Евро-Баскет 95.
Карнишовас кариера ја започна во Статиба Вилнус, по што помина во францускиот Шоле, Барселона, грчкиот Олимпијакос и италијанскиот состав Фортитудо Болоња.