Центарот на Торонто репторс, Јонас Валанчиунас нема да биде дел од репрезентацијата на Литванија на септемвриските квалификации за СП. Веста ја потврди самиот кошаркар со пост на Twitter.
Според кошаркарот, управата на клубот побарала од него да ги прескокне овие репрезентативни настапи за да може да ја помине комплетната тренинг сесија со тимот во пресрет на новата НБА сезона.
Литванија во втората фаза од квалификациите за Светското првенство влезе со максимален ефект во групата со Италија, Хрватска и Холандија.