Денеска во Виена со ждрепка беа одреднеи групите за новата сезона во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција. Оваа година, по една сезона пауза, Македонија се враќа со свој клуб во елитната конкуренција, а тоа ќе биде новиот шампион Е. Пелистер.
Битолчани ќе бидат дел од групата „А“ каде за ривали ги добија силните Кил, ПСЖ и Киелце од првиот шешир, како и екипите на Алборг и ПИК Сегед од вториот шешир.
Последните два ривали за битолчани се Колштад и ППД Загреб.
Групната фаза на ЛШ почнува на 13/14 септември.
