Ракометарот од Словенија, Сташ Скубе ќе продолжи да го носи дресот на актуелниот европски шампион – Вардар до 2022 година. „Црвено-црните“ му понуди нов договор на плејмејкерот кој одлучи да остане во Скопје.
„Навистина сум среќен дека ќе го носам овој дрес уште три години! Ќе се борам за нашите цели до крај!“ изјави Скубе.
Централниот бек во претходната сезона во Лигата на шампионите постигна 59 голови додека во СЕХА Газпром лигата погоди 44 пати во мрежата на противниците.