Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжува со своите одлични игри, а воедно и постигнување на рекорди во НБА лигата.
И покрај тоа што неговата екипа загуби од Денвер со 113:117, Дончиќ повторно беше најдобар во својата екипа и го забележа петтиот „трипл-дабл“ во кариерата. Дончиќ натпреварот го заврши со 35 поени, 16 асистенции и 11 скока, израмнувајќи се со легендата Мајкл Џордан на 8-то место за најмногу „трипл-дабл“ со повеќе од 30 поени во историјата на НБА.

Тој стана само шести играч во историјата на НБА кој забележал повеќе од 30 поени, 15 асистенции и 4 украдени топки од сезоната 1973-74 (кога украдените топки првпат влегоа во официјалната статистика). Другите со ова достигнување се Леброн Џејмс, Брендон Најт, Расел Вестбрук, Меџик Џонсон и Пит Маравич.

