Ракометарите на Еурофарм Пелистер на Маврово ја темпираат формата за новата сезона. Еден од ракометарите во битолскиот тим, Бојан Маџовски, зборуваше за текот на подготовките и очекувањата од новата сезона.
„Оваа сезона почнуваме малку порано, бидејќи немаме голем период за подготовки и ни следи официјален натпревар за десет дена. Првиот дел од подготовките го поминуваме во одличен ритам. Покрај тоа што се спремаме за физичката подготвеност, работиме и на тактичката подготвеност, со цел новите играчи да влезат во системот на нашиот тренер. Не би коментирал дали сме посилни од минатата сезона, уште е рано за тоа. Ни преостанува да ги завршиме подготовките и да се спремаме за она што нè очекува, бидејќи имаме тешка сезона“, вели Маџовски.