Магдебург и Барселона одиграа феноменален натпревар во првото полуфинале од Лигата на шампионите во ракомет на завршниот турнир во Келн. Тимот од Германија направи сензација, откако најпрво се избори за продолженија, каде повторно немаше победник, а потоа на пенали стигна до триумф од 40:39.
Барселона секако беше апсолутен фаворит против Магдебург, но тимот од Германија не се предаде, па на крајот направи огромно изненадување. Во регуларниот дел средбата заврши нерешено 31:31, за во првите пет минути од продолжението Магдебург да обезбеди водство од 36:34, а потоа Барселона да се избори и за пенали. На крајот победникот и првиот финалист го решија пеналите кои завршија со 2:1 во полза на Германците.