Кошаркарите на Голден Стеј Вориорс го совладаа Хјустон Рокетс во текот на ноќта со 115:86 и се изборија за мајсторка во финалето на Западната дивизија.
Домаќинот не само што се врати по негатива од 17 поени, туку и убедливо ги совлада „ракетите“. Клеј Томпсон даде 35 поени, додека Стеф Кари застана на 29. Кај Хјустон во поглед на реализација се издвои Џејмс Харден кој постигна 32 коша.
Последниот меч меѓу Хјустон и Голден Стејт кој треба да го даде патникот во големото финале на НБА ќе биде одигран во вторник рано наутро по наше време.