Еден од најтрофејните европски кошаркарски состави, Макаби Тел Авив е во преговори за нов тренер на тимот следната сезона. Според информациите од Израел, Макаби во моментов е најзагреан за тренерот на Баерн (М), Италијанецот Андреа Тринкери.
Макаби ќе се обиде да преговара со тренерот на Баерн веднаш штом заврши сезоната. Италијанецот има договор со минхенскиот тим до 2023.
Оваа недела Макаби го отпушти главниот тренер Јанис Сферопулос.