Лоша вест од нашата репрезентација пред почетокот на натпреварот со Црна Гора, Македонија остана без услугите на пикерот Столе Стоилов поради позитивен тест на Ковид-19.
„Денеска за жал ќе играме без Стојанче Стоилов, кој на последното тестирање доби позитивен тест на Ковид-19, се надеваме Столе како еден од лидерите ќе биде во можност да се врати во составот за скоро време“ се вели во информацијата објавена од РФМ.
Ова е уште еден удар за нашата репрезентација која останува без еден од најискусните играчи на ова ЕП.