Македонската ракометна репрезентација денес со натпреварот против Австрија го продолжува својот настап на СП во ракомет во Хрватска, Данска и Норвешка.
Нашите ракометари денес на стартот на главната рунда играат против селекцијата на Австрија, натпревар кој може да ни донесе многу, а тоа е да се вмешаме во битка за подобро место во нашата група. Македонија во првите три натпревари имаше една победа, еден пораз и еден нерешен резултат, а Австрија славеше на две средби, а загуби единствено од фаворитот Франција.
Македонските ракометари имаа можност во текот на вчерашниот ден да се подготват за оваа средба која ја играме со селекција против која можеме да се надигруваме. Австријците имаат проблеми поради повредите на неколку клучни играчи, но сепак се работи за квалитетна репрезентација. Доколку сакаат да забележат победа, нашите ракометари ќе треба да ја повторат добрата игра против Унгарија и Холандија и да одиграат максимално сконцентрирано во сите 60 минути од натпреварот.
Средбата меѓу Македонија и Австрија се игра денес од 15.30 часот во „Арена Вараждин“.
ДЕНЕС на СП во ракомет:
Главна рунда – Група 2 – Вараждин
15.30 Австрија – Македонија
18.00 Катар – Холандија
20.30 Унгарија -Франција
Табела:
1.Франција – 4
2.Унгарија – 3
3.Холандија – 2
4.Австрија – 2
5.Македонија – 1
6.Катар – 0
Главна рунда – Група 1 – Хернинг
15.30 Швајцарија – Тунис
18.00 Чешка – Италија
20.30 Данска – Германија
Табела:
1.Данска – 4
2.Германија – 4
3.Италија – 2
4.Швајцарија – 1
5.Чешка – 1
6.Тунис – 0
Во рамките на Президент купот кој се игра во Пореч денес ќе бидат одиграни два натпревари, од 15.30 часот Куба ќе игра против Бахреин, додека од 18.00 часот САД за противник ја има Јапонија.

