Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија денес против Црна Гора за први бодови на ЕП
    Ракомет

    Македонија денес против Црна Гора за први бодови на ЕП

    risteBy riste15/01/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар на Европското ракометно првенство. Во „Феникс Арена“ во Дебрецин, противник на Македонија ќе биде селекцијата на Црна Гора.

    Уште еден Балкански дуел од Групата А на ова ЕП, ова е натпревар кој може да биде клучен за останување во игра за пласман барем на 3-тото место во оваа група откако веќе загубивме на првиот натпревар со Словенија.

    Подмладениот состав на Македонија без Кире Лазаров на терен на дуелот со Словенија  покажа дека има сили да се бори со најдобрите. Словенците беа голем фаворит, но Македонија сериозно се спротивстави и малку недостасуваше да дојдеме до бод. Сепак, тој дуел го одлучија техничките грешки во нападот и искуството на противникот. И покрај загубениот натпревар, ме да не радува фактот дека на оваа средба одлично одиграа младите Цветан Кузманоски и голманот Мартин Томовски, одбраната беше на ниво и со корегирање на грешките во нападот може да се надеваме на пподобри резултати.

    За дуелот со Црна Гора ситуацијата е различна, нашите ракометари на хартија се фаворити, па тоа на Црногорците им дава подобра позиција и помал притисок. Овој натпревар за двете репрезентации е можеби единствената шанса за бодови во групата затоа што Црна Гора веќе загуби од Данска, а ние ќе играме во понеделник. Во таборот на Црна Гора има неколку ракометари кои се познати на нашата ракометна јавност, пред се Мирко Радовиќ од Еурофарм Пелистер, како и Васко Шеваљевиќ, Василије Калуѓеровиќ, кои минатата година играа во Суперлигата на Македонија.

    Без никакви дилеми, јасно е дека нашите ракометари сакаат победа со која само ќе покажат дека има потенцијал во овие играчи селектирани од Кире Лазаров. Македонија мора да заборави на сè што се случи пред два дена и да одигра како што знае за да ја победи Црна Гора. Нашите ракометари и вчера најавија дека сега мислат само на оваа средба и не прават никакви математики, едноставно треба најнапред да се добие овој натпревар.

    Денешната средба во „Феникс Арена“ во Дебрецин против Црна Гора ја играме со почеток во 18:00 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.