Машката ракометна репрезентација на Македонија која учествува на Светското училишно првенство во ракомет ја забележа втората победа во групната фаза.
Нашите ракометари славеа против Грузија со 46:13 и со тоа го продолжуваат патот кон пласман во полуфиналето во ова натпреварување. Најефикасни во редовоте на македонската селекција беа Тома Симоновски со 15 и Андреј Георгиев со 9 постигнати гола.
Утре Македонија игра против селекцијата на Република Српска, а натпреварот се игра во салата „Македонско Сонце“ во ОУ 11 Октомври со почеток во 10.30 часот.

