Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија го победи Чиле и го заврши СП на 15-то место
    Ракомет

    Македонија го победи Чиле и го заврши СП на 15-то место

    risteBy riste20/01/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација на крајот се најде на 15-то на Светското првенство во Германија и Данска. Во последниот натпревар од разигрувањето со многу проблеми ја совладавме селекцијата на Чиле со 32:30 (16:16).

    Македонија добро го започна натпреварот и по неколку минути игра имаше предност од 3 гола разлика (6:3) но веднаш следуваше пад во играта кој го искористи Чиле и дојде до израмнивање. Во текот на поголемиот дел од првото полувреме бевме во предност со 10:8, 12:10 и 13:11, но во финишот од првиот дел дозволивме Чиле да направи пресврт и да дојде до водство од 14:16, но сепак со головите во последната минута од првото полувреме израмнивме на 16:16, резултат со кој се замина на одмор.

    Во второто полувреме исто така Макеоднија беше таа која имаше предност, но на 10 минути пред крајот Чиле дојде до водство од 24:26, сепак нашите ракометари успеаа да израмнат набрзина и да го свртат резултато во своја корист. Во последната минута дојдовме до предност од 32:29 што беше предуслов за да славиме на крајот од натпреваарот со 32:30.

    Најефикасни во нашата селекција беа Кире Лазаров со девет, Манасков со седум и Стоилов со пет гола, а кај Чилеанците најмногу голови постигнаа Ервин Фојчман, девет и  Родриго Салинас седум погодоци.

    Македонија со ова го повтори резултатот од претходното СП во Франција кога исто така бевме на 15-то место.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.