Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Македонија го „среди“ Луксембург за 3 од 3 во претјвалификациите за ЕП
    Кошарка

    Македонија го „среди“ Луксембург за 3 од 3 во претјвалификациите за ЕП

    risteBy riste27/02/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарската репрезентација на Македонија ја пролжи серијата на победи и ја забележа можеби најважната победа во групата А од претквалификациите за следното Европско првенство.

    Кошаркарите по цели дваесет години се вратија во салата „Градски Парк“ и славеа против директниот конкурент за првото место Луксембург со 79:70 и се со три победи од три одиграни натпревари. На клупата на Македонија вечерва дебитираше новиот селектор Жозеп Мариа Берокал кој очигледно позитивно делуваше на нашите репрезентативци кои покажаа одлична игра во текот на поголемиот дел од натпреварот.

    Првиот период Македонија го доби со 25:17 и најави дека сака сигурна победа на оваа средба. Добрата игра продолжи и во вториот период кој исто така го доби Македонија и замина на одмор со предност од 44:32.

    Второто полувреме го започнавме со зголемување на предност и до +19, а потоа дозволија нашите кошаркари гостите да намалат и да се доближат на 59:49. Клучната четвртина ја отворивме со пет поени во низа, Хап и Јакимовски одново презедоа одговорност и сите надежи на гостите за поволен резултат беа згаснати. До крајот на средбата Македонија рутински го сочува водството и на крај славеше со 79:70. 

    Јакимовски со 17 и Хап со 15 поени беа најефикасни во нашата репрезентација, а двоцифрен беше уште Ефремовски со 13. Веќе за три дена Македонија ја очекува гостување кај Азербејџан. 

    photo: fiba

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.