Нашите најдобри ракометари со втора победа против Грузија со 29:28 го затворија подготвителниот период реализиран во рамките на неделата на ЕХФ.
Македонија денеска со голот на крилото, Мартин Поповски, буквално со свирежот на сирената успеа да слави против грузискиот состав. Филип Талески со 7 погодоци и Поповски со 6 беа најефикасни во нашиот табор. Македонија во мини-подготвителниот период забележа три победи и едно реми. Славевме на теренот на Турција, таму одигравме и реми со Италија додкеа во Скопје во двата меча излеговме како победници против Грузија.
Селекторот, Данило Брестовац, кој најави свежа крв во селекцијата, максимално им укажа шанса на поголем дел од помладите играчи да се наметнат за националниот дрес.

