Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија ја победи Белгија и сега ќе го чека расплетот во другите групи
    Ракомет

    Македонија ја победи Белгија и сега ќе го чека расплетот во другите групи

    risteBy riste07/03/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Женската ракометната репрезентација на Македонија успеа да ја победи Белгија со 33:28 во последниот меч од квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2026 кој се одигра во Куманово. Ракометарките така им се реваншираа на Белгијките за поразот во првиот меѓусебен дуел во Хаселт и квалификациите ги завршуваат на третото место на табелата.

    Натпреварот започна ефикасно исто како и во Белгија  а на полувреме Македонија замина со предност од 17:14. На стартот на вториот дел повторно Макеоднија и дозволи на Белгија да се закани, но овој пат одличната голманка Андреа Илиќ беше на голот на нашата репрезентација. Во 45. минута дојде до бројката од 11 одбрани, нападот тоа го награди и Македонија ја врати највисоката предност од четири гола, 26:22.

    Марија Јанкуловска имаше одличен меч со осум гола, додека Сара Стефаноска, Ива Младеновска и Јована Кипријановска постигнаа по шест гола. Учинокот на голманката Андреа Илиќ со 12 одбрани беше многу важен на овој натпревар. Кај Белгија, Неле Антонисен беше најдобра со 13 гола.

    Македонија сега го чека расплетот во другите групи, за да види дали на крајот ќе биде меѓу најдобрите третопласирани селекции за место на ЕП 2026. Четири најдобри од шесте трети селекции одат на ЕП.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.