Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Македонија ја пречекува Словачка и посакува втора победа  во претквалификациите за ЕП 2025
    Кошарка

    Македонија ја пречекува Словачка и посакува втора победа  во претквалификациите за ЕП 2025

    risteBy riste28/08/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва ќе ја пречека Словачка во натпреварот од второто коло на претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година. По трилер завршницата во Нествед и победата над Данска, пред избраниците на селекторот Александар Јончевски е уште еден предизвик, начен Словачка. 

    За вториот меч во квалификациите, во тимот се враќа и Бобан Стајиќ кој имаше мала повреда и беше поштеден за мечот во Нествед. Освен оваа, нема да има промени во составот, па Јончевски со сите сили ќе се обиде да ја надиграме и победиме Словачка. 

    Словаците во првото коло на домашен терен убедливо загубија од Норвешка и тоа со убедливи 68:87. Македонија и Словачка се среќаваа во четири наврати во последните неколку циклуси квалификации за Европските и Светските првенства. На три од тие четири пресметки, македонските кошаркари беа подобри. На последниот во Скопје во август минатата година Словаците славеа со 72:88, па ова ќе биде добра шанса за реванш на нашата селекција. 

    Натпреварот меѓу Македонија и Словачка е закажана за вечерва во СРЦ „Кале“ со старт во 19:00 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Далас победи, но Дончиќ се повреди

    03/02/2023

    Дончиќ брзо jа надмина повредата и одигра нов фантастичен меч

    31/01/2023

    Охриѓанецот Осман со рекордни 29 поени за победа на Кливленд, Јанис броеше до 50

    30/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    • Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј
    • Јуве сака да го раскине договорот со Погба
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.