Македонската ракометната репрезентација во месец март наредната година ги продолжува квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 година, а следат два дуели со фаворитот Данска.
Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 10 март, а потоа следи натпреварот на гостински терен со истата репрезентација, на 14 март. Од страна на Данска е одрдено местото каде ќе ја пречекаат Македонија, а тоа ќе биде Алборг и салата „Јутландер банк Арена“.
Македонија и Данска по првите два натпревари имаат максимален учинок од две победи против Финска и Швајцарија, а најдобрите две репрезентации во групата патуваат директно на ЕП 2022.

