Јуниорската репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години со убедлив триумф против Косово (33-16) го заврши настапот во групата Б од ЕХФ шампионатот што се одржува во Скопје.
Андреа Седлоска беше најефикасна со осум голови додека Младеновска, Ризоска, и Јанкуловска дадоа по 4-ри.
Нашите млади ракометарки на крајот се трети во групата и ќе разигруваат за пласман од 5-то до 8-то место. Денеска е слободен ден на шампионатот а утре не очекува мечот против Финска.