Македонската ракометна репрезентација ги доби вчера противниците со кои ќе игра во главната рунда од СП во Египет.
Денес од страна на ИХФ беа потврдени и термините (саатниците) за одигрување на средбите на нашата репрезентација, иако најнапред беше планирано Македонија да игра во вечерниот термин од 20.30 часот, сепак пласманот на Египет направи корекции, па македонија против сите ривали од главната фаза ќе игра во попладневниот термин од 15.30 часот.
20.јануари (среда) Македонија – Словенија (15.30 часот)
22.јануари (петок) Македонија – Русија (15.30 часот)
24.јануари (недела) Македонија – Белорусија (15.30 часот)
Сите натпревари Македонија против овие противници ќе ги игра во Каиро, во „Каиро Стедиум Хал 1“

