Македонската ракометна репрезентација го има вториот слободен ден на СП во Германија и Данска, а го искористи за одржување на еден тренинг кој ќе биде во функција на рекуперација по вчерашниот натпревар и подготовка за следниот со Шпанија кој го играме утре.
Нашите репрезентативци имаа можност да ги видат своите грешки од мечот со Хрватска и се задоволни од играта, пред се во одбраната, но не и во нападот кој немаше завршница во неколку чисти ситуации.
Токму тоа ќе биде предмет на анализа и подготовка за средбата со Шпанија, но од друга страна сите се прашуваме дали Македонија ќе влезе со сите сили на мечот со Шпанија или пак ќе ги чува силите за натпреварот со Исланд кој ќе биде решавачки за пласман на Македонија во втората фаза и меѓу најдобрите 12 селекции на ова СП.
Натпреварот со Шпанија го играме утре во терминот од 20.30 часот во Минхен