Македонската ракометна репрезентација денеска треба да ги добие противниците во квалификациите за Европското првенство во 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Момците на Кире Лазаров се во вториот шешир заедно со селекциите на Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија и Украина.
Ќе бидат формирани осум групи од кои првите две селекции ќе обезбедат пласман на ЕП. Од осумте третопласирани, пак, четири ќе се пласираат на ЕП, со тоа што ќе се вреднуваат само нивните резултати со подобропласираните во групата.
Ждрепката ќе се одржи попладнево од 18:00 часот во Берлин.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП ГЕРМАНИЈА 2024
Шешир 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија
Шешир 2: Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Македонија, Србија, Швајцарија, Украина
Шешир 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција
Шешир 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург