Македонската машката младинска репрезентација го заврши настапот на ЕХФ шампионатот на петтата позиција, откако славеше против Украина со 26-23.
Натпреварот почна изедначено и се играше гол за гол, па Македонија направи предност од 9:6, за потоа Украина да се врати во натпреварот и дојде до пресврт и резултат 9:11. Сепак во финишот од првото полувреме нашата селекција одигра подобри и на пауза се замина со предност на македонија од 13:11.
Во вториот дел Украина почна добро и дојде до предност 15:13, за Македонија да израмни на 15:15 и 19:19 во 45.минута. Финишот од средбата и припадна на Макеоднија која дојде до предност од 23:19 и ја задржа до крајот за конечни 26:23 и освојување на петтата позиција на ЕХФ шампионатот.