Ракометната репрезентација на Македонија е поразена од Србија (28:34) и го не успеа да дојде до бронзениот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир.
Нашите репрезентативци имаа солиден настап, кој сепак на крај не беше доволен за победа во битката за третото место на ракометниот турнир.
По добриот старт на натпеварот и водство од 3 гола разлика Србија го заврши првиот дел со предност од 13:15.
Во второто полувреме Македонија не успеа да фати приклучот и да дојде до резултатско израмнување, напротив Србија ја чуваше предноста која на крајот изнесуваше и 6 гола разлика односно 28:34.
Финалето за златно одличје ќе го одиграат Шпанија и Египет во 17:30 часот.