Македонската ракометна репрезентација денес гостува кај Швајцарија во вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2022 година.
По сигурниот триумф против Финска во Скопје пред неколку дена со 33:24, нашата најдобра ракометна селекција вечерва треба да го одигра еден од клучните натпревари во квалификациите за следното Европско првенство.
Селекцијата на Швајцарија секако дека не е ист противник како Финска и ќе треба нашите репрезентативци да одиграат многу подобро или соповеќе сили за да остварат добар резултат. За овој дуел селекторот Данило Брестовац се реши за засилување во дефанзивата. Токму поради тоа во составот е вклучен и искусниот дефанзивец Милорад Кукоски, додека Македонија нема да може дасмета не левото крило Дејан Манасков кој остана во Скопје, па затоа Брестовац во составот ќе има самоедно лево крило, Бојан Маџовски.
Македонија има добар настап кога се во прашање меѓусебните дуели со Швајцарија, 4 победи на исто толку средби, на последните две во квалификациите за ЕП, во 2014 година славевме домасо 27:20,а во Швајцарија со 26.17. Секако ова не треба да ги залажува нашите ракометари дека ќебиде лесно на вечерашниот натпревар кој започнува во 18.30 часот во Шафхаузен.

