Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија против Франција на стартот на Европското првенство
    Ракомет

    Македонија против Франција на стартот на Европското првенство

    risteBy riste05/11/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Женската ракометна репрезентација на Македонија повторно ќе биде дел од европскиот ракометен крем. Нашите девојки вечерва го започнуваат настапот на Европското првенство, на кое токму Македонија е еден од организаторите.

    Младите избранички на селекторто Љубомир Савевски првата средба на ова ЕП ја играат против моќната селекција на Франција, а потоа ги чека дуели со Холандија и Романија. На сите им е јасно дека патот до следна фаза ќе биде претежок, но секако дека овие три натпревари ќе бидат од големо значење за младите девојки.

    Франција е голем фаворит, не само на вечерашната средба, туку и за првата позиција во оваа групна фаза. Французинките се многу мотивирани за да дојдат до златниот медал на ова ЕП, а за тоа најнапред треба да го освојат првото место во нашата група. Досега Македонија и Франција имаат одиграно пет натпревари, но последниот е пред точно десет години. Имаме само една победа, а на последното соочување доживеавме дебакл и пораз од тринаесет разлика (29:16).

    Вечерва играме со Франција од 18.00 часот, а нашата селекција потоа ја очекуваат средбите со Холандија (понеделник) и Романија (среда).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.