Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија против Холандија во второто коло на Европското првенство
    Ракомет

    Македонија против Холандија во второто коло на Европското првенство

    risteBy riste07/11/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра вториот натпревар на Европското првенство, кое се одржува во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица.

    Девојките предводени од селекторот Љубомир Савевски на стартот очекувано беа поразени од фаворитот Франција со десет гола разлика, а сега за противник ќе имаат уште еден ракометен гигант. 

    Втор противник на Македонија ќе ѝ биде селекцијата на Холандија која во првото коло славеше минимално против Романија (29:28), а на пресметката со нашиот национален состав влегуваат како големи фаворитки. Против Франција македонските ракометарки беа под големи импресии, првпат истрчаа на еден голем собир и тој грч се виде на стартот на натпреварот. Очекуваме дека против Холанѓанките, нашите репрезентативки да одиграат многу подобро. 

    Селекторот Савевски во повеќе наврати наппоменуваше дека сега е важно да се гради тим за иднината, младите девојки да соберат искуство играјќи на големата сцена, но секако се надеваат дека можат да дојдат барем до едно изненадување. 

    Натпреварот Македонија – Холандија се игра денес во 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека последниот меч во групата Македонија ќе го игра е в среда против Романија. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Португалија пресилна за Македонија и по втор пат

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.