Македонија ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Може да се каже дека Македонија доби одлична група, во која носител е Португалија, која никогаш не заминала со победа од гостувањата во нашата земја и Турција и Луксембург, кои немаат никаква победа во меѓусебните дуели против нашиот национален тим. Многу веројатно ова ќе бидат квалификации на целосна смена на генерации во нашата репрезентација. Според најавата Кире Лазаров нема да игра од наесен и ќе се посвети само на селекторската функција.
Натпреварите ќе се одиграат од октомври 2022 до април 2023 година. На крај, 20 од вкупно 32 репрезентации ќе обезбедат пласман на континенталното натпреварување за две години, кое ќе се одржи во Германија.
Најдобрите две селекции од секоја група ќе играат на завршниот турнир.
Квалификациски групи за ЕП 2024:
Група 1: МАКЕДОНИЈА,Португалија, Турција, Луксембург;
Група 2: Србија, Норвешка, Словачка, Финска;
Група 3: Чешка, Исланд, Израел, Естонија;
Група 4: Украина, Австрија, Романија, Фарски Острови;
Група 5: Холандија, Хрватска, Грција, Белгија;
Група 6: Швајцарија, Унгарија, Литванија, Грузија;
Група 7: Црна Гора, Словенија, БиХ, Косово;
Група 8: Полска, Франција, Летонија, Италија;
Четири репрезентации веќе имаат место на турнирот. Тоа се домашниот тим на Германија, финалистите од последното Европско првенство, Шведска и Шпанија, како и освојувачот на бронзениот медал Данска.
Европското првенство 2024 година ќе се одржи од 12 до 28 јануари.