Македонската ракометна репрезентација по одиграните нерешени 29:29 против Португалија и денот одмор, денеска го игра третиот натпревар од групата Б во Хернинг, а противник е селекцијата на Романија.
Досега со Романија имаме одиграно 6 официјални натпревари и тоа во квалификации или бараж средби за плсаман на ЕП или СП.
Првиот двомеч го имавме во 1997 година, во Скопје нашата репрезентација славеше со 35:22, а во Орадеа, Романија победи со со 32:25.
Втор пат Македонија и Романија се сретнаа во 2018 година кога на домашен терен победивме со убедливи 32:24, а во Клуж загубивме минимално со 26:25.
Последните два натпревари беа дел од квалификациите за СП 2023, кога во март 2022 година исто така победивме во Скопје со 30:22, а во Букурешт загубивме со 24:22.
Ова покажува дека во досегашните шест натпревари секоја селекција победувала пред својата публика, никогаш немале успех на теренот на противнникот.
Ова е впрочем прв натпревар на едно големо натпреварување за двете селекции, секако дека Македонија е многу поуспешна во последните години. Романија својата последна победа на едно ЕП ја има остварено пред точно 30 години кога во 1996 година во Шпанија ја победија Унгарија.
Денешниот натпревар е многу важен за нашите ракометари затоа што со победа ќе ги задржат шансите и надежите за пласман во главната рунда на ЕП во Данска, Норвешка и Шведска. По првите две кола, Македонија има еден бод, додека Португалија 3, со евентуална победа ќе се израмниме според бројот на бодови со Португалија, но нашата гол разлика е лоша (-12), а Португалија има (+6), па затоа не само што мораме да ја победиме Романија, туку и таа победа да биде што е можно по убедлива за да ја подобриме нашата гол разлика. Потоа би го чекале исходот од дуелот на Данска и Португалија кој исто така ќе би бил од големо значење за нас. Во случај на победа на Македонија против Романија ќе чекаме Данска убедливо да ја совлада Португалија.
Поради повредите кои ги заработија Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ, селекторот Лазаров дополнително го повика Гоце Ојлески кој синоќа пристигна во Хернинг за да помогне на денешниот дуел.
Средбата меѓу Македонија и Романија се игра вечерва од 18 часот во „Јуске Банк Боксен“ арената во Хернинг, а ќе го судат Бојан Лах и Давид Сок од Словенија.

