Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија со добра традиција против Австрија
    Ракомет

    Македонија со добра традиција против Австрија

    risteBy riste21/01/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Нашата ракометна репрезентација денес на отварањето на втората рунда од СП во ракомет игра против селекцијата на Австрија.

    Оваа селекција досега неколку пати била наш противни, еднаш во бараж за СП 2013 во Шпанија кога Македонија ја победи Австрија на домашен терен со 26:21, азагуби во Виена со 30:27, но сепласираше на СП.

    Следниот натпревар кој го одиграа овие две репрезентации беше на ЕП 2014 година во Данска каде Македонија славеше со минимални 22:21, а потоа следуваше натпреварот на СП во Катар 2015 кога пред 10 години Македонија славеше против Австрија со 36:31, а тоа всушност ни е последната победа над една Европска репрезентација на Мундијалите.

    Еве по точно цели 10 години денес ќе можеме повторно преку Австрија да се вратиме на победите против селекциите од Европа на СП.

    Последната пресметка меѓу Македонија и Австрија е од пред 5 години на ЕП во Австрија кога во Виена, домашната репрезентација беше подобра со 32:28.

    Денешната пресметка во Вараждин ќе биде вкупно 6-ти дуела на овие две репрезентации, а Македонија има 3 победи, додека Австрија 2 победи во досегашните 5 одиграни средби.  

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.