Македонската ракометна репрезентација со победа против Србија од 29:21 го започна својот настап на „Трофеј Македонија 2026“.
Нашата женска ракометна селекција уште од самиот почеток одлично го започна натпреварот и на стартот дојде до предност од 7:4, а подоцна имаше водство и од 12:6, за на крајот на првиот дел има водство од 17:9.

Во вториот дел Македонија продолжи со одлична игра и цело време ја одржуваше предноста од 6-7 голови, за на крајот да слави со 29:21.

Во нашата репрезентација најефикасна беше Сара Ристовска со 8 постигнати голови, а одлични беа и Ангела Јанкуловска со 5 и Ризоска со 4 гола.
Во првиот денешен натпревар селекциите на Хрватска и Црна Гора одиграа нерешено 20:20.

Утре на вториот ден од „Трофеј Македонија 2026“ во 15.30 часот ќе играат Хрватска и Србија, додека во 17.30 часот Македонија за противник ќе ја има Црна Гора.


