Ракометната репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Луксембург со 28:23 на гостински терен и ја оправда фаворитската улога пред овој натпреавар. Со втората победа над овој ривал во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година, Македонија го направи клучниот чекор за пласман на ЕП.
Нашите ракометари имаа проблеми во играта на почетокот на натпреварот , но подоцна успеаа да ја наметнат својата игра да дојдат до предност и да отидат на одмор со предност од 14:12.
Во втортот полувреме единствено што дозволија Луксембург да намали на 16:17, а потоа со серија од неколку гола да дојдат до предност од +5, односно 18:25, а подоцна и 18:25 на десет минути пред крајот.
Голманот Марко Кизиќ имаше одличен натпревар со десет одбрани, додека кај стрелците, Филип Талески постигна осум гола, пред Мартин Серафимов и Филип Кузмановски со по четири реализации. Кај Луксембург, Лоик Кајсен имаше десет гола, пред Јан Хофман со четири гола.