Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија со пораз од Србија на ЕП У20 заврши на 20-тото место
    Ракомет

    Македонија со пораз од Србија на ЕП У20 заврши на 20-тото место

    risteBy riste19/07/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската младинска ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со пораз од Србија со 34:30, во натпреварот за конечен пласман. Со овој резултат нашата селекција го освои 20. место во конкуренција на 32 репрезентации.

    Клучен период од натпреварот беше слабиот настап во првото полувреме, во кое Србија дојде до висока предност. Македонските ракометари во неколку наврати имаа негатива од девет гола (10-19 и 11-20), а на паузата заминаа со резултат 12-20.

    Во второто полувреме сосема поинакво издание на Македонија во кое нашите младинци играа многу поквалитетно во двата правци, постепено ја топеа негативата и со серија одлични акции успеаја да намалат на 26-29 на почетокот од последните десет минути.

    За жал нашите млади ракометари немаа сила да направат целосен пресврт во натпреварот кој на крајот заврши со победа на Србија од 34:30.

    Најефикасен во македонскиот состав беше Крстевски, кој одигра одличен натпревар и постигна 11 голови, додека Ѓурмешевиќ беше стрелец на седум гола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.