Нашите најдобри ракометари одиграа успешен контролен натпревар против селекцијата на Србија додека се подготвуваат за Светското првенство во Германија и Данска.
Во СЦ Борис Трајковски, избраниците на селекторот, Раул Гонзалес, користејќи ја главно тактиката седум на шест, успеаа да слават со 37 спрема 31. Крилото Дејан Манасков постигна девет голови, повеќето од нив на атрактивен начин, Филип Кузмановски забележа пет погодоци а Кире Лазаров и Жарко Пешевски успеаа по четири пати да се запишат во листата на стрелците.
Македонија и Србија утре на истата локација ќе го одиграат и вториот контролен меч кој ќе биде затворен за јавноста.

