Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија утре го започнува настапот на своето деветто Светско првенство
    Ракомет

    Македонија утре го започнува настапот на своето деветто Светско првенство

    risteBy riste14/01/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација ги прави последните подготовки пред стартниот натпревар на своето деветто Светско првенство во историјата, второ кое ќе брои 32 репрезентации.

    Низ досегашната историја Македонија била дел од осум Мундијали. Првото учество го имавме во 1999 година во Египет, кога го освоивме осумнаесеттото место. Пред две години на шампионатот во Полска и Шведска, Македонија одигра првенство каде го освои 27 место со три победи и четири порази. 

    По нашето деби следуваше пауза од четири првенства и повторно појавување на светската ракометна сцена десет години подоцна. Во Хрватска во 2009 година остваривме и најголем број победи (5), но тие беа доволни за пласман на единаесеттата позиција. По две години не настапивме во Шведска 2011 година, за потоа да врзиме пет учества во низа, вклучувајќи го и ова кое стартува денес.

    Најдобар пласман беше оној во Катар 2015 година (деветто место), каде во групната фаза бевме одлични со четири победи и само еден пораз. Сепак, Словенија беше нашата пречка за повисок пласман и не исфрли во нокаут фазата. Сега нашите репрезентативци ги очекува Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, а Македонија по шеснаесет години е повторно во Вараждин.

    Наши противници од утре , па во наредните денови ќе ни бидат Унгарија, Холандија и Гвинеја. Најдобрите три селекции од групата продолжуваат во главната групна фаза, која ќе се игра исто така во Вараждин. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.