Ракометните сениорски репрезентации на Македонија и Франција досега одиграа четири официјални натпревари, два од квалификациите за ЕП 2016, а потоа уште два на континенталните собири на ЕП 2016 и ЕП 2024.
Најблиску до позитивен резултат против Франција, Македонија беше на дуелот во Скопје, кој заврши со триумф на Франција со 27:25 одигран на 29.април 2015 година. Во истите квалификации Франција на домашеб терен не победи со 35:24.
На Европсските првенства досега имаме одиграно два натпревари, во 2016 година беше 30:23 за Франција, додека на последното во Германија минатата година на отварањето на стадионот во Дизелдорф,Франција ја совлада Македонија со 39:29.
Петтиот меѓусебен меч, Македонија и Франција ќе го играат вечерва од 20:30 часот во „Арена Вараждин“, а ова ќе биде прв натпревар на едно СП.

