Ракометната репрезентација на Македонија вечерва во 20.30 часот во Минхен го игра својот четврти натпревар од групата Б на СП во ракомет што се одржува во Германија и Данска.
Противник на Македонија е силната селекција на Шпанија која е еден од главните фаворити за освојување на првото место во нашата група, но и еден од претендентите за медал на ова СП.
Досега со Шпанија сме одиграле 6 натпревари, од кои сите ги има добиено репрезентацијата на Шпанија. Од нив 4 беа на големите натпреварувања, првиот пат се сретнавме на ЕП во Италија кога загубивме со 26:19. Потоа следуваа два натпревари во квалификациите за ЕП 2014, дома загуббивме со 17:24, а во Шпанија со 29:17. Во Данска на ЕП повторно игравме натпревар и загубивме со 33:22.
На последните два натпревари на СП во Феанција 2017 година загубивме со 25:29, но до пред самиот крај собро се држевме, за да на последниот натпревар минатата година во Хрватска бевме убедливо поразени со 20:31.
Ќе имаат ли сили нашите ракометари да одиграат најдобро на ова СП и да ја изненадат селекцијата на Шпанија, останува да видиме по 20.30 часот. Голем број на наши навивачи кои се во Минхен вечерва ќе бидат во „Олимпијахале“ каде ќе ја бодрат нашата репрезентација, но очекуваме и домашните навивачи да имаат симпатии кон нашата репрезентација.