Македонската ракометна репрезентација веќе го одработува вторуот дел од подготовките за ЕП во Унгарија и Словачка.
Како дел од оваа фаза на подготовки ќе бидат одиграни два контролни натпревари со селекцијата на Израел на која селекторот Кирил Лазаров ќе може да ја види формата и сите добри и лоши страни на нашата селекција. Натпреварот помеѓу Македонија и Израел се игра денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“ и ќе биде од затворен карактер (18:00 часот).
Македонија е комплетна за овој дуел, во тренажен процес се приклучија Миркуловски, Кузмановски, Пешевски и Митревски, па Лазаров сигурно ќе им даде повеќе шанса на поискусните, со цел да се воиграат со помладите во пресрет на натпреварите од групната фаза на ЕП. Против Кувајт, помладите ракометари добија шанса и одиграа два квалитетни натпревари кои завршија со победи на Македонија. Но, сега се формира вистинската слика за оваа репрезентација на Македонија и затоа против Израел се очекува да одиграме во најсилен состав.
Натпреварот меѓу Македонија и Израел се игра од 18:00 часот, а двете селекции ќе се сретнат уште еднаш, утре исто така во „Борис Трајковски“.