Maкедонија вечерва го игра последниот натпревар од групата Д на СП во ракомет кое гоиграме во Вараждин, Хрватска. Ова впрочем ќе биде најважниот натпревар од досегашниот дел на Светското ракометно првенство, а противник ни е дебитантот Гвинеја.
Нашиот последен противник во првата групна фаза во првите две кола доживеа два убедливи порази од Холандија и Данска и затоа Македонија влегува како голем фаворит на оваа средба.
За првпат на овој собир на Македонија нема да ѝ судат арбитри од Скандинавија, откако на центарот на средбата со Гвинеја ќе бидат браќата од Молдавија Игор и Алексеј Ковалчук.
Во првото коло против Унгарија делегирани беа судии од Шведска, додека во второто со Холандија ни судеа Данците Хансен и Мадсен.

