Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена и во вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство (ЕП). Вечерва нашите ракометари загубија на домашен терен од селекцијата на Чешка со 29:37.
Нашите ракометарки беа рамноправен противник 40 минути, а потоа следеа многу технички грешки во играта на нашата селекција, а противникот ги искористи и направи недостжна предност.
Во провото полувреме Макеоднија и Чешка играа со доста осцилации, но сепак на одмор се замина со нерешени 14:14. Во второто полувреме Македонија играше рамноправмно во првите 10 минута, а потоа следуваше голем пад во играта кој Чешка знаеше да го казни и да дојде до предност од 6 гола која до крајот ја задра и ја надогради за конечни 29:37.
Најдобра во нашата репрезентација беше Ливриниќ со 12 гола, а ја следеше Ѓорѓиевска со 5т. Кај Чешка, најдобар стрелец беше Корешова со 11 гола.
Квалификациите за Македонија продолжуваат во март, кога ќе гостува кај Португалија на 25 март, а потоа со истиот противник ќе играат на домашен терен, на 28 март. Овие два натпревари може да бидат клучни за освојување на трето место во нашата квалификациска група.