Ракометната репрезентација на Македонија го заврши својот настап на ЕП во Унгарија и Словачка со пораз од Данска со 21:31, но и покрај тоа покажа добра игра, пред се во првото полувреме.
Нашата репрезентација добро го започна мечот и поведе со 4:0, а Данска првиот гол гопостигна во 9.минута, но брзо се консолидираше и успеа да израмни, поведе и да ја задржи предноста до крајот на првиот дел кој го добија со 15:11.
Во вториот дел Данска ја одржуваше предноста и од минута во минута ја зголемуваше, за да во 54.минута дојдат домаксимални 12 гола предност. Сепак до крајот на натпреварот Македонија успеа да намали на -10 гола и да го заврши мечот со 21:31.
Во нашата репрезентација најефикасен беше Пешевски со 6 гола, додека кај Данска Киркелоке постигна 9 гола и беше незадржилв за нашата одбрана.
Македонската репрезентација вечерва во 1 часот по полноќ со чартер лет се враќа во Скопје и треба да пристигне околу 2.30 по полноќ на Аеродромот во Скопје.