Ракометната кадетска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Европското првенство во Белград, откако загуби од Шведска со 29:33.
Избраниците на селекторот Горан Кузманоски пружија сериозен отпор и беа во игра за добар резултат, меѓутоа недостигаше концентрација во клучните моменти од натпреварот за да стигнат до позитивен резултат на овој натпревар. По завршувањето на настапов во групи, нашата селекција продолжува во разигрувањата за пласман.
Во нашата репрезентација најефикасни беа Трајче Костов и Горазд Дамчевски кои постигнаа по осум гола, додека со пет гола мечот го заврши Бобан Поповски.

