Навивачите на Македонија кои се решија да ја бодрат нашата ракометна репрезентација се веќе во Дебрецин и се стационираат во околината на спортската сала „Феникс“ каде Македонија ќе ги игра своите натпревари.
Студеното време секако не им овозможи на многумина да допатуваат во Дебрецин, Унгарија, но оние кои решија да бидат со ракометарите ќе им дадат голема пподдршка од трибините. Останува да видиме колкав ќе биде бројот на Македонски навивачи на првиот натпревар со Словенија кој го играме во 18 часот.