Македонските ракометни кадети ја забележаа првата победа на Европското првенство што се одржува во Белград, Србија. Младите македонски ракометари играат во групата 1 од разигрувањето за пласман и славеа убедливо против Италија со 33:23 (17:13).
Уште од стартот избраниците на селекторот Горан Кузманоски почнаа да ја градат предноста која од минута во минута ја зголемуваа зана крајот на првиот дел на одмор заминат со четири гола водство од 17:13.
Во продолжението нашите кадети играа многу сигурно. Предноста почна да расте и да се зголемува. По серијата од 5:0 направија водство од 29:18 која до крајот на мечот ја одржуваа за да стигнат до конечните 33:23.
Во нашата репрезентација најефикасен играч на средбата беше Бобан Поповски со „девет од девет“, додека шест гола постигна Стефан Ѓорѓиески.
Со оваа победа нашите млади ракометари можат да се вмешаат во трката за пласман од 9. до 16. позиција.
Утре Македонија игра против Турција и доколку ја повторат денешната игра може да се надеваат на победа.

