Нашата ракометна репрезентација денес нема натпревар на ЕП, но имаше тренинг кој е подготовка за утрешниот натпревар со селекцијата на Чешка.
Ракометарите во текот на денот имаа можност преку видео анализа да ја подготвуваат тактиката за средбата со Чешка, а според зборовите на селекторот Данило Брестовац,нема ада има промена во составот на репрезентацијата. Тоа значи дека голманот Томовски и бекот Серафимов ќе бидат на трибините.
Натпреварот Македонија -Чешка, во рамките на 2.коло од Група Б се игра утре од 16 часот во „Штадхале“ во Виена.


