Нашите најдобри ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ќе го водат денешниот меч меѓу Русија и Исланд кој ќе биде одигран во рамките на второто коло во групата „Е“ која се реалзира во Малме во Шведска.
Тие не беа делегирани во првата рунда, но, сега добија меч кој има големо значење за двете селекции. „Рибарите“ на стартот направија големо изненадување со победата против фаворизираната Данска додека Русите загубија од Унгарија.
Тоа значи дека „Зборнаја“ денеска нема право на грешка додека Исланѓаните со евентуална победа ќе си обезбедат место во наредната фаза на Европското првенство. Средбата меѓу Исланд и Русија ќе започне во 18.15 минути во арената во Малме.