Ракометарките на ЖРК Вардар останаа без европската титула, па мала утеха по синоќешното финале во Будимпешта добија во изборот за најдобра ракометарка на Ф4 турнирот. Признанието отиде во рацете на неверојатната голманка на „црвено-црните“ дами, Амандин Лејно, која брилјираше и на двата меча за нашиот шампион.
Французинката против Ростов Дон во полуфиналето имаше 14 одбрани, додека во финалниот меч против Ѓер забележа дури 17 интервенции. Тоа беше доволно од страна на ЕХФ да ја добие престижната награда.