Унгарскиот ракометен состав Веспрем објави дека ќе ја прекине соработката со нашиот интернационалец Дејан Манасков.
Левото крило се активираше во Веспрем во 2017 година од германскиот Рајн Некар Левен. Тој одигра 156 средби и постигна 536 голови. Манасков со Веспрем освои две титули во СЕХА лигата и една во домашното првенство.
-Ти благодариме за се Деки и многу среќа во натамошниот дел од кариерата, – објави Веспрем на неговиот сајт.